Институт за трансфузиона медицина

Во две крводарителски акции собрани 233 крвни единици

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во текот на вчерашниот ден, по повод големиот празник Успение на пресвета Богородица се одржаа две крводарителни акции.

Крводарителите даруваа крв во Домот на АРМ и во манастирот во Матка.

Крводарителските акции беа успешно спроведени согласно протоколот за заштита при пандемија. Вчера вкупно се собрани 233 крвни единици, а од почетокот на 2020 година досега собрани се повеќе од 20.000 единици крв.

Изминатиот период се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да се чувствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Да бидеме хумани, да даруваме крв. Тоа е највисокиот чин на алтруизам.

Информации за распоредот на крводарителски акции може да се добијат на телефоните: 00389 (0) 23226923 локал 125 при Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија. Службите за трансфузиона медицина се наоѓаат во кругот на општите и клиничките болници низ градовите ширум државата, каде што може да се дарува крв.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе