Во последните 24 часа

Во државните клиники во Скопје примени уште 38 заболени од ковид-19

Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се примени 38 пациенти со симтоми на вирусот ковид-19, соопшти Министерството за здравство. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти се хоспитализирани во државните клиники во Скопје. Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството велат дека на интерните клиники се примени 12 пациенти и тоа четири во ковид центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и тројца пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноќие имало 18 приеми, а во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" се примени 9 пациенти.

До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во Скопје. Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има.

Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември" има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.

Министерството за здравство уверува дека во моментов има доволно слободни кревети во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

На Интерните клиники во ковид центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти.

Сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ, соопшти Министерството за здравство.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе