Во Дебар пристигна помош од Црвениот крст

Во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Македонија.

Помошта се состои во прехранбени артикли, средства за одржување хигиена, ќебиња, душеци, детска, машка и женска облека. Складирана во магацинските простории на дебарската организација на Црвен крст.

„Распределбата ќе почне утре. Помошта е наменета за стари и изнемоштени и инвалидизирани лица, како и семејства кои се во тешка социо – економска состојба. Во распределбата ќе бидат вклучени триесеттина наши волонтери“, изјави Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Волонтерите на дебарската организација на Црвен крст се активни на терен веќе неколку дена.

Ден по прогласувањето на крзната состојба во општините Дебар и Центар Жупа им притекнаа на помош на лицата кои имаат потреба од храна, лекови и облека во селата Гари и Лазарополе, во подрачјето на Мала Река, потоа во селото Мелничани, како и на четворица возачи, кои со товарани возила останаа заглавени кај Бошков Мост.

Доставија и облека за 81 лице кои останаа заглавени во Дебар, а сега се сместени во хотелите на „Дебарски Бањи-Цапа".

„Главно се лица од подрачјето на Река, кои работат во Дебар или на денот на прогласувањето на кризната сосотојба биле во Дебар на шопинг, по лекови или на преглед. Исто така, има и лица од други градови од нашата држава“, нагласуваТелќиу.

Во Дебар заглавени се 110 лица кои не се дебарчани, од нив 21 се странски државјани од Шведска и од Косово. 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе