Министерство за здравство

Во Чаир почина 26-годишна родилка во тешка здравствена состојба и неконтролирана бременост

Министерството за здравство информира дека синоќа во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир почина 26-годишна родилка, на која со царски рез ѝ било извадено машко бебе. Во соопштението од Министерството стои дека пациентката била донесена во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа била во претходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база ‘Мој термин‘ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една претходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврдено дека има висок притисок. Тогаш на пациентката ѝ била ординирана терапија и дадени упатства за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пациентката не одела на контроли, а терапија пиела повремено“, пишува во соопштението.

Според Министерството за здравство, синоќа кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благосотојбата на плодот.

„Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран е кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт“, се додава во соопштението.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе