Во „Борис Трајковски“ од август нема да има вакцинација

Во август ќе се затвори вакциналниот пункт во А1 арената „Борис Трајковски“, а вакцинацијата ќе продолжи во здравствените установи, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според Филипче, медицинските центри веќе можат самостојно  да ги опслужат потребите за вакцинирање.

„Во август продолжуваме со вакцинација во пунктовите рамки на здравствените домови. Останува да функционира салата во Тетово и во Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвива во здравствените домови и теренската вакцинација“, рече Филипче.

Тој додаде дека теренската вакцинација во градовите и селата ќе продолжи по принципот на систем на ротација.

„Процесот на вакцинација се одвива добро и одлучивме дека нема потреба да бидат во функција веќе толкави места, а вработените полека се враќаат на работните места во здравствените домови. Чекавме да помине тој масовен прилив за ревакцина кај граѓаните. Продолжува вакцинацијата без закажан термин“, рече Филипче.

Според податоците од Министерството за здравство што ги пренесе Филипче, во земјава досега се ревакцинирани 330 илјади граѓани, а од крајот на август се очекува таа бројка да стигне до 500 илјади граѓани. Од 1.800 пријавени деца од 12 под 18 години, досега се вакцинирани 630.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе