Во болниците во целата држава има 1.296 пациенти од ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, освен во Скопје, пријавено е дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

Според извештаите од болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на ковид-19, во болницата во Штип има 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 114, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, според Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

 

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе