Во болниците се лекуваат 1.762 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа примени 64 нови

Вкупно 1.762 пациенти се лекуваат во ковид-центрите низ државата, а од нив 703 се во Скопје, додека 1.059 во другите градови. Утрово имало слободни околу 310 болнички кревети од кои 80 се во Скопје, информира Министерството за здравство.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив 31 се примени на Интерните и хируршки клиники, 14 во ГОБ 8 Септември, 8 на Инфективната клиника, 4 во Козле, 2 на Клиниката за детски болести, а петмина пациенти се примени на Институтот за физикална медицина. Дома се пуштени 71 оздравен пациент.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, на ГАК има 7 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Од болниците низ државата најмногу пациенти има во ковид-центарот во Битола-149, а потоа во Прилеп-124. Во болницата во Штип се хоспитализирани 97 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Гостивар 44, во Струга 25, во болницата во Струмица има 104 пациенти, во Кочани 34, во Кичево 31, во Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе