Дневна статистика на Министерството за здравство

Во болниците се лекуваат 1.724 пациенти болни од ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 1.724 лица, а само во Скопје 672 пациенти се лекуваат болнички. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 62 пациенти. Вкупно низ земјава има околу 310 слободни кревети, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 29 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември се примени 15 пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени тројца пациенти, а двајца на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ 144 болни, на Клиниката за инфективни болести148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има осум позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, надвор од Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.045 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти, во Штип 86 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 48 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 131, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 38, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе