Дневна статистика на Министерството за здравство

Во болниците се лекуваат 1.708 болни од ковид-19, повеќе примени отколку отпуштени како оздравени

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона, вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.708 и има околу 338 празни болнички кревети во ковид.центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 61 пациент, а како оздравени се отпуштени 47 лица. Вкупно 704 болни се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники биле примени 20 пациенти.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени 15 пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, а 4 пациенти на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 138 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни лица.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 83 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти, во Штип 91 пациент, а на инфективното одделение во Тетово 37 пациенти. Во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 121, ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, во Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе