Извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа покажуваат дека во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип има 31 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8, во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болниците од ковид се лекуваат 685 пациенти

Образование и здравство
Објавено на
17 Јануари 2021 - 13:27