Во болниците низ државата се лекуваат 670 пациенти со ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 670 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот од кои 279 се во Скопје, а 391 во останатите градови.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има 40 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центрите низ државата има околу 600 празни болнички кревети, а по дневните

исписи на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла.

 

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе