Во болниците низ државата лежат 797 болни од ковид-19, слободни се над 500 кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 797 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 335 се во Скопје, а 442 во останатите градови.

Според соопштението од Министерството за здравство, после Скопје најмногу пациенти има во кумановската болница-68, а најмалку во Дебар-6 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во болницата во Штип 49 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, а во Велес се лекуваат 27 болни. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе