Состојби со болничките капацитети

Во болниците има над 500 слободни легла за болни од ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 1.422 лица и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите. Во Скопје се лекуваат вкупно 598 пациенти, во последното деноноќие примени се уште 28 болни, а утрово до 8 часот имало 140 слободни места.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени седум пациенти, пет се примени на Инфективната клиника. Во Козле е примен еден болен пациент, а два пациента на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 235 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 143 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациента. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на ковид-19 вирусот и четири мајки, а на ГАК има пет позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 39 болни.

На лекување во болниците надвор од Скопје се наоѓаат вкупно 824 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациенти, во болницата во Штип  68 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 88, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 30, Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе