Состојби со болничките капацитети

Во болниците има 750 слободни легла за болни од ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 1.012 лица и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 43 пациенти поради компликации од коронавирусот, а во моментов вкупно 435 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 14 пациенти, а девет на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за Детски болести имало 6 приеми. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца и две мајки позитивни на ковид-19, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 311 слободни места.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 577 пациенти. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти, во болницата во Штип 62 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 25 пациенти, во Велес се лекуваат 77 болни, а во Куманово 68 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 60 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 30, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе