Во „Аџибадем Систина“ ПЦР-тестовите се прават само во специјалниот пункт во болницата

Клиничката болница „Аџибадем Систина" располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот каде што ПЦР-тестовите за ковид-19 се изведуваат по строго утврдени протоколи и правила.

Тестирањата се прават единствено во специјалниот пункт за ковид-тестирање сместен во склоп на болницата по претходно закажан термин или без закажување, а примероците (брисеви) ги земаат само и исклучиво официјални медицински лица, вработени во болницата. Издадените резултати од ПЦР-тестовите се верифицирани со два печати, со основен (кружен) печат и факсимил печат. По барање на пациентите, печатениот резултат од ПЦР-тестот може да биде бесплатно преведен и на англиски јазик и исто така верифициран со два печати.

Резултатите од ПЦР-тестовите може да се преземаат од официјалната страница, со претходно добиен код издаден при наплата во самиот пункт за ковид-тетстирaње или директно на пултот во болницата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“  нема претставништва за ковид-тестирање надвор од градот Скопје.

Цената на ПЦР-тестот за детекција на SARS-CoV-2 вирусот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изнесува 2.700 денари. Резултатите се издаваат истиот ден во зависност од времето кога тестот е направен.

Болницата нуди и фамилијарен пакет – тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и пакет групно тестирање за компании – над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице. Групните тестирања се нудат исклучиво на компании и институции со претходен официјален договор.                                                                            

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и ургентнен ПЦР-тест по цена од 12.000 денари, а резултатите се добиваат максимум за 2 часа. И овие тестирања се изведуваат само во специјалниот пункт на болницата, по строго утврдени правила и со претходно закажување.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ поседува најсофистицирана лабораториска опрема за обработка на ПЦР-тестовите. Истите се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет. 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе