ВМРО-ДПМНЕ: Кластерот Геријатрија го демантира Филипче дека епидемијата со корона е под контрола

Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. „победа“ во борбата против пандемијата со ковид-19, во здравствената установа Геријатрија - Скопје, имаме детектирано нов кластер и тоа токму помеѓу најранливата категорија на граѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Официјалните одговорни лица велат дека коронавирусот не познава граници кога е во прашање возраста. И да, во право се, а тоа веќе и се покажа на дело. Во здравствената установа Геријатрија - Скопје за неколку дена има околу 17 новозаболени. Оттаму, во официјалното соопштение велат дека веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитално ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот? Ова не смее и во никој случај не може да се третира како обична вест. Исто така, под никакви услови не смее да се оправда со тезата дека корона вирусот не познава граници кога станува збор за возраст“, изјави Синиша Стојаноски.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали воопшто е иницирана постапка за откривање на причините за овој нов кластер и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај и потсетуваат дека во соседна Србија, во првиот момент кога се дијагностицираа поголем број на заразени со корона вирусот во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагирал владиниот кризен штаб. Министерството за внатрешни работи го повика на одговорност директорот на институцијата поради основан сомнеж за тешко казнено дело против здравјето на луѓето, а во врска со неспречување на пренесување на високо заразна болест.

„Така реагираат институциите на системот кои што се функционални. Не денес, не утре, туку уште вчера требаше да се поведе постапка за утврдување на причините на овој нов кластер и веќе да имаме резултати од истата“, додава Стојаноски и прашува дали надлежните и одговорните неколку дена се обидуваат да го релативизираат случајот.

Според него, со ваквиот начин на делување само се потврдува фактот дека прогласената победа врз коронавирусот е далеку од вистината.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе