ВМРО-ДПМНЕ да се извини за ширење на лаги и невистини, реагираат од Министерството за здравство

Министерството за здравство реагира на прес-конференцијата на  политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на која, како што велат од таму, се изнесени бројни невистини и лаги за јавната набавка за воспоставување на јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати. Од таму бараат извинување од ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, невистините и лагите кои ги пласираат во медиумите.

„Имено, идното јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати е економски модел за долгорочно инвестирање во здравствениот систем што ќе овозможи здравствена заштита од болнички инфекции и унапредување на системот за стерилизација и намалување на ризикот од пост-оперативни инфекции. Согласно физибилити студијата предвидено е формирање на четири Регионални Центри за интегриран менаџмент за стерилизација, се излегува во пресрет на потребите на Универзитетскиот Клинички Центар и за другите болници во државата коишто имаат оперативни блокови", велат од Министерството за здравство.

Согласно предвидената методологија, додаваат од таму, идниот приватен партнер ќе инвестира 13 милиони евра, а државата е корисник.

„На тој начин ќе се обезбеди замена на постојната и повеќедецениски дотраена опрема и инструменти со нови, персонализиран комплет стерилни хируршки инструменти за секоја операција, поединечно, стерилен медицински материјал во хируршките сали и дезинфекција на хируршки сали и простории. Потенцираме, не постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните. Напротив, овој модел овозможува намалување на ризикот од инфекции. Исто така, не постои можност да се зголеми цената на услугите за здравството за граѓаните. Единствен фактор којшто би можел да влијае на раст на цените е промената на стапката на инфлација. Други фактори не може да се земат предвид", велат од Министерството за здравство.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе