Министерство за здравство

Власта апелира да се почитуваат мерките, активни 3.327 случаи со ковид-19

Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град. Здравствените власти  порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе заштита.

Од направените 762 тестирања, 109 нови случаи на заболени од ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 422 заболени, а едно лице почина. Досега во земјата се направени вкупно 11.5590 тестирања на ковид -19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани  11.942 случаи на заразени лица, излекувани се 8.087 лица, а починаа 528. Додека, бројот на активни случаи изнесува 3.327.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1.177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.

Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.

Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.

„Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели, затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни“, изјави министерот за здравство  Венко Филипче.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе