Владимир Чадиковски од денеска дел од тимот на „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина" го прошири својот стручен тим со еминентниот и искусен специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија д-р Владимир Чадиковски.

Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.

По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти, соопштија од болницата.

Пред ова Чадиковски работеше во болницата „Жан Митрев“, од каде што даде оставка по само неколку месеци од стартот на проектот со Фондот за здравство за јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија. Чадиковски тогаш рече дека дава оставка поради недоразбирања со менаџментот. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе