Владата ги укина задолжителните сертификати или потврди за имунизација или прележаност од ковид-19 при влез во земјата

На денешната седница Владата на Република Македонија донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб.

Со тоа престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан ковид-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

На денешната седница Владата донесе одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе