Епидемиолошката состојба со ковид-19 стабилна

Владата дозволи свадби и во затворен простор, од 1 септември се отвораат и училиштата

Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица.

„На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот“, напиша на неговиот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Оваа одлука, меѓутоа, не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.

Владата ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование, согласно со одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

Во исто време, Министерството за здравство соопшти дека на националниот систем „Мој термин“ е воведена можност за издавање сертификат за прележан ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на ковид-19 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

„Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство“, информира Министерството.

Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 10.940 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со 28 јуни се вакцинирани вкупно 310.384 граѓани, вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

Според Министерството за здравство, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, како и 49 отсто од оние над 65 години и 42 проценти од граѓаните над 60 години.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација“, велат од Министерството и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, нагласуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Од вчера почна дистрибуцијата на вакцините на „Синовак“ во сите центри за имунизација и масовна вакцинација во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека со ова се создадени услови за динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидено да започне и теренска вакцинација.

Во периодот од 24 часа меѓу понеделникот и вчера од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата, до вчера изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе