Состојба со коронавирусот

Активни 11.641 случаи, половината во Скопје, Прилеп доближува до илјада заразени

Слично како за време на ноемврискиот бран на ковид-19, повторно имаме четирицифрени дневни бројки на позитивни случаи - вчера беа регистрирани 1.031 нови случаи. Бројот на активни случаи е повторно над 10 илјади и изнесува 11.641, од тоа во Скопје се половината - 5.588, додека кон бројката од илјада активни се доближува Прилеп со 854 случаи. Од почетокот на епидемијата во земјава починале 3.300 лица, а вкупно заразени со вирусот биле 112.107 лица.

Во моментов во земјава се активни 11.641 случаи на заболни од ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега во земјава се регистрирани 112.107 дијагностицирани лица, оздравеа 97.166 лица, а починаа 3.300. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство дневниот биланс достигна четири цифрена бројка – 1.031 нов случај на заболени од ковид-19 од направени 4.373 тестирања. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492. Вчера беа регистрирани и 20 починати пациенти на возраст од 50 до 93 години.

Бројот на новозаболените изминатиот период бележи раст. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје има зголемување за 23 отсто на случаите во однос на минатата недела.

Во моменти кога населението не е имунизирано на вирусот со вакцина, бидејќи вакцини за масовна имунизација Македонија сѐ уште нема, главната заштитна мерка за секој граѓанин останува држењето растојание од други луѓе, носењето маска и миењето на раце, негрупирањето, како и почитувањето на останатите здравствените протоколи.

Според директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ растот се должи на непочитувањето на мерките, но и на ширењето на британскиот сој на вирусот.

„Зголемувањето на бројката на нови инфицирани секогаш се должи пред сѐ на непочитување на мерките. Се разбира и еден висок процент од околу 70 отсто на асцилирање на британскиот сој носи со себе своја одговорност за покачувањето на бројките, со тоа што една од неговите карактеристики е побрзо, полесно ширење меѓу популацијата. Но, пред се, е непочитувањето на мерките“, истакна Стевановиќ во интервју за МИА.

Згомениот број на новозаболени во изминатиот период повротно ги пополни болничките капацитети и се отвораат модуларните болници, како и пренамената на болнички одделенија во ковид-центри.

„Има стравувањата од појава на пациенти кои ќе имаат потреба од болничко лекување, така што многу интензивно се трудиме да испишуваме пациенти, но исто така и да примаме, така што практично испис за прием се случува и на тој начин се трудиме да дадеме здравствена грижа, нега, третман на секој еден пациент кој има потреба од лекување. Јас очекував дека и до крајот и тогаш кога ќе се затворат сите останати оддели, Инфективната клиника веројатно повторно ќе биде со максимално исполнети капацитети, додека конечно не го затвориме и последниот ковид-центар, односно Клиниката за инфективни болести, рече Стевановиќ.

Според последните податоци од Министерството за здравство вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995, а има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло. На Интерните клиники вкупно се лекуваат 166 пациенти.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе