Според податоците коишто ги добива Министерството од болниците низ земјата, по Скопје, најмногу пациенти се хоспитализирани во Куманово, 48. Во болницата во Битола има 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти со ковид-19. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, во ковид-центарот во Охрид има 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во моментов, според Министерството за здравство, има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, но во текот на денот по исписите на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла.