Вкупно 579 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците низ државата, има кревети уште за толку

Во ковид-центрите во земјата се лекуваат вкупно 579 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 245 се во Скопје, а останатите 334 во болниците низ државата. Според податоците што стигнуваат во Министерството за здравство, во моментов во ковид-центрите има околу 580 слободни болнички кревети.

Во скопските ковид-центри во последните 24 часа биле хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 5 се на интерните клиники, 10 во ГОБ 8 Септември и исто така 10 на Инфективната клиника, додека дома биле пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид-центарот на Кожната клиника се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15, на Институтот за ТБЦ има вкупно 21 пациент, во ковид- центарот на Клиниката за нефрологија 16 пациенти, а на Клиниката за гастроентерохепатологија 9 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести 83 пациенти, а во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.

Што се однесува до болниците низ државата, после Скопје најмногу пациенти од ковид-19 има во ковид-центарот во Охрид-65. Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип 37, на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес 17, а во Куманово 48 пациенти. Во ковид-центарот во Прилеп има 19 пациенти, во Гостивар 21, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, во Кавадарци 14, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе