Зголемен е бројот на хоспитализации

Вкупно 1.581 пациент се лекуваат во ковид-центрите во државава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 654 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка на пациенти во земјава во моментов е 1.581., а има околу 260 празни болнички кревети.

По извештаите на болниците, во Битола се хоспитализирани 89 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 76 болни, а во Куманово 156 пациенти позитивни и суспектни на кови- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 126 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 85 пациенти, во Кочани 37 во Кичево 23, Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 44 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември" имало 14 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 3 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Вкупно 654 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството за здравство. 

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе