Според министерката за образование состојбата е стабилна

Вкупно 14 ученици се позитивни на ковид-19 во училиштата низ државава, Царовска вели не се заразиле во училиште

Четиринаесет ученици во основните и средните училишта се позитивни на ковид-19. Министерката за образование, Мила Царовска при посетата на основното училиште ,,Ацо Шопов'' во населба Радишани, Општина Бутел изјави дека состојбата е стабилна и дека ниту еден од учениците не е заразен во училиште, односно интерна трансмисија во училиштата нема. 

Според неа, позитивни на ковид се 0,01 отсто од учениците кои што ја следат наставата со физичко присуство, а станува збор за над 233 илјади ученици во земјата. Санитарната инспекција е на терен.

Таа ги повика наставниците и учениците да се придржуваат до протоколите, оти само на тој начин ќе се овозможи да продолжи наставата со физичко присуство.

„Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите", информира денес од МОН.

Од министерството потенцираат дека брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита.

„Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите", нагласуваат од МОН.

Од Министерството за образование и наука апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита, бидејќи минатогодишното искуство покажало дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, велат од МОН; неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.

„Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство која нема подобра алтернатива", истакнаа денес од министерството.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе