Анализа на скринингот

Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет, вели Рендевски

Скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажа дека кај лицата кои не биле вакцинирани против ковид-19 степенот на присуство на антитела се движел од 75 до 76 проценти, додека кај вакцинираните присуството на антитела е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против ковид-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, но тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет.

Заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски во изјава за МИА вели дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести врз база на анализите. Сепак, според него, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

„Во поглед на актуелната епидемиолошка состојба и моменталните епидемиолошки мерки се во корелација со одредени варијабли кои се испитуваат во последните шест недели и се предмет на испитување во останатите европски земји. Тоа се бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани, односно оптовареноста на здравствениот систем. Врз основа на овие варијабли постои посебен алгоритам кој го одредува епидемиолошкиот ризик, односно епидемиолошката состојба во секоја земја. Врз основа на таа актуелна епидемиолошка состојба постојат предлог епидемиолошки мерки. Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки“, вели  Рендевски.

Тој додава дека вакцинацијата против ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба.

„Затоа вчера започна караванот за вакцинација против ковид-19 и во тој поглед мора да делуваме првенствено на повозрасните пациенти и пациентите со коморбидитети, а понатаму и на останатите пациенти кои се вакцинирани со две дози, а поминал подолг период од три месеци од последното вакцинирање. Практично да се даде и иницијатива за бустер доза кај овие пациенти“, изјави Рендевски.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе