Институт за јавно здравје

Вирус на грип сѐ уште не е детектиран, а пријавени се 433 случаи на болни

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 433 лица, што претставува за 73,2 отсто помалку случаи во споредба со истиот период лани и за 86,3 проценти помалку во однос на типичната сезонска крива. Од почетокот на оваа сезона, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје  пристигнати се 9 материјали и сите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во втората недела од 2021 година, пријавени се 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.

Од почетокот на оваа сезона, заклучно со втората недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 9 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип. Истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

Заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Според Министерството за здравство, мерките за заштита од коронавирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, наведува Институтот за јавно здравје.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе