Вчера се вакцинирале вкупно 16.955 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден  вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Вчера прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а се вакцинирале вкупно 16.955 граѓани.

Според податоците на Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 68% од населението над 70 години, 66% од населението над 65 години, 62% од населението над 60 години и 53% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата, информираат здравствените власти.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе