Вчера се вакцинирале 7.720 граѓани, од нив 5.834 со прва доза

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Само вчера прва доза вакцина примиле 5.834 граѓани, а вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани, информира Министерството за здравство. Во државата досега вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани.  

Според последните податоци, 50% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45% од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Од Министерството за здравство додаваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

 

 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе