Вчера се вакцинирале 10.065 граѓани, од нив 1.450 со прва доза

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани, информира Министерството за здравство.

Во државата досега вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.  

Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Според Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, па  досега преку веб платформата vakcinacija.mk се пријавиле 447.543 граѓани. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе