Вчера прва доза вакцина примиле само 666 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Според податоците на Министерството, заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани. Ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40 годишна возраст, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. 

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе