Министерство за здравство

Вчера беа вакцинирани 17.085, ревакцинирани се 330.320 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 487.975 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.977 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.085 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани, информираат денеска од Министерството за здравство.

Со последните бројки, појаснуваат од Министерството, 62 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 59 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина 

„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 арената во Скопје“, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи, како што потенцираат, само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе