Вархеји: Определивме финансиска помош за Северна Македонија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше претседателот на Владата Оливер Спасовски дека веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ-интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата, првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално-економски штети предизвикани од кризата.

„Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средните компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка. Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот“, соопшти прес-службата на Владата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе