Набавка од 40 илјади дози

Вакцините против грипот до крајот на месецов

Вакцините против сезонскиот грип ќе бидат бесплатни за лицата од ризичните групи, а вакцинацијата ќе се закажува преку матичен лекар. За да се избегне опасноста од коронавирусот ќе се определат посебни вакцинални пунктови.

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur", Франција (VAXIGRIP TETRA), информира Министерството за здравство.

Вакцините ќе бидат бесплатни за ризичните групи како што се лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до пет години.

Закажувањето за бесплатното вакцинирање ќе оди преку матичните лекар.

Поради ризикот од ширењето на коронавирусот, се подготвува акциски план според кој ќе бидат определени пунктови за вакцинација.
Kомерцијалните вакцини против сезонски грип пак, ги набавуваат центрите за јавно здравје, велат во Министерството за здравство.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе