За фајзеровите вакцини со рок на траење до 30 септември

Вакцините од Бугарија ќе бидат аплицирани пред истекот на нивниот рок, велат од МЗ

Министерството за здравство соопшти дека вакцините кои се очекува на 14 септември да пристигнат од Бугарија, а се со рок на траење до крајот на месецов, ќе бидат аплицирани навремено. Бугарскиот парламент ја ратификуваше одлуката за донација на Македонија, а бугарскиот министер за здравство на пратениците им кажа дека „изборот бил или вакцините да се фрлат зашто им истекува рокот на траење, или да се донираат“. 

Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер", како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

„Вакцините од производителот Фајзер кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена. Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот Фајзер. Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање. Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата. Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот“, се вели во соопштението.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе