„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

Вакцинацијата е јавно добро со кое му се помага на нашето општество, се заштитува здравјето на населението и се спасуваат човечки животи, порачуваат Министерството за здравство, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) во земјава на почетокот на Европската недела на имунизација.

Со темата „Вакцините нè доближуваат”, овогодинешната Европска недела на имунизација ја истакнува улогата на вакцините за спречување на ширењето на голем број болести и заштита на човечки животи. Истовремено, целта е да се подигне свеста за вредноста на имунизацијата со нагласување на важноста на континуитетот на рутинската имунизација и на потребата од стекнување на довербата од јавноста во безбедноста и ефикасноста на вакцините против ковид-19, меѓу другото и заради заштита на здравствените работници и ставање крај на пандемијата.

„Јавноздравствените и социјалните мерки помагаат да се забави ширењето на вирусот, но вакцинацијата против ковид-19 е алатката од витално значење за ставање крај на пандемијата и во тој контекст вложуваме максимални напори за да обезбедиме вакцини за целото население”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според претставничката на СЗО во Македонија, Жихан Тавила, имунизацијата е водечка иницијатива на Програмата за работа на Kанцеларијата на СЗО за Европа за периодот 2020–2025 година насловена „Обединета акција за подобро здравје во Европа”.

„Како еден од најдокажаните економични начини за заштита на здравјето, имунизацијата е корисна за сите, насекаде во светот. Вакцините се колективно јавно добро, така што за сите луѓе треба да се обезбеди правичност во поглед на нивниот пристап до и користаод вакцините. Доколку се случи да биде запоставена рутинската имунизација заради состојбата со ковид-19, последиците ќе се чувствуваат уште долго откако ќе заврши пандемијата. Благодарение на години и години напорна работа во насока на обезбедување сите луѓе да бидат заштитени преку вакцинација, сè поблиску сме до елиминирање на неколку болести како што се на пример малите сипаници, но за да се заштити ваквиот напредок по секоја цена мора да се одржува висок опфат со имунизација преку рутинска вакцинација. Среде пандемијата на ковид-19,вакцинацијата претставува критично важна интервенција за ставање крај на пандемијата пошто конечно ќе можеме да бидеме поблиску едни до други”, вели Тавила.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, додава дека после цела една година на затворања, празни училници и откажани собирања на семејствата, луѓето низ целиот свет почнуваат да добиваат вакцина против ковид-19или се во очекување на тој момент.

„Сите знаеме дека вакцините против ковид-19 се најголемата надеж што ја имаме дека ќе ни се врати нормалниот живот и дека повторно ќе можеме да бидеме блиску едни до други. Тие се исто така важен потсетник за критично важната улога што ја имаат другите вакцини ,вклучувајќи ги и рутинските вакцини за децата, кои ни го овозможуваат нашето секојдневно функционирање”, вели Ди Џовани.

Во објавата од СЗО за Европската недела на имунизација се додава дека ковид-19 наруши голем број услуги, па така, додека од една страна сме сведоци на намалена побарувачка на услуги за децата во делот на дијагностиката, лекувањето хронични болести и примарната здравствена заштита, што се должи на стравот на родителите дека децата би можеле да се заразат од ковид-19, она што радува е фактот што интересот за рутинска имунизација на децата и самото нејзино спроведување останаа во најголем дел несмалени.

„Погрешните информации и дезинформациите може да предизвикаат колебливост во поглед на вакцините и на тој начин да претставуваат пречка на патот кон посакуваниот делотворен вакцинален одговор на пандемијата“, велат од СЗО

Во борбата против ковид-19, партнерите исто така повикуваат на поголема ангажираност во насока на обезбедување пристап за граѓаните до информации и совети од веродостојни извори. „Отворените и објективните комуникации им помагаат на луѓето да донесат издржани одлуки, засновани на нивна добра информираност, како и да ја разберат важноста на вакцинацијата како најделотворен начин-заедно со мерките како идентификување на контакти тена заразените, одржување физичка дистанца, носење маска и миење раце-за ставање крај на пандемијата“, се додава во објавата.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе