Министерот за епидемијата со мали сипаници

Вакцинацијата оди добро, ама секој ден има нови случаи на морбили

Вакцинацијата се одвива со добра динамика. Околу 50 отсто од вкупниот број невакцинирани деца сега се вакцинирани. Се уште трае тој тренд на заинтереираност кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, што е за поздравување, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

За жал, како што рече, секој ден има нови случаи на пациенти со морбили кои се примаат на Инфективната клиника.

„Дневно, се прегледуваат помеѓу четири-пет до десет пациенти. Тие кои се со полесна форма се упатуваат на домашно лекување, а останатите се хоспитализираат. Бројката пациенти што се лечат на Инфективна клиника е 30-тина. Децата кои имаат потешка форма, компликации, во смисла сериозно воспаление на белите дробови, се уште се во тешка, но стабилна состојба“, рече Филипче.

Според него, тоа со што сега се соочуваме за жал е резултат на падот на колективниот имунитет, што се случува од 2014 година наваму.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе