Вакцинацијата на здравствените работници ќе заврши најдоцна за две недели

Исклучително е висок процентот на здравствени работници коишто покажале интерес да се вакцинираат против ковид-19 и во наредните 10 до 14 дена ќе заврши процесот на имунизација на сите здравствени работници коишто работат во ковид-центри, а нивниот број е близу 4.000, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Задоволни сме и од одѕивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Сметам дека интересот на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал за целокупното население тие да се вакцинираат. Дополнително, ние планираме и кампањи, повици преку матичните лекари. Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме кога беше епидемијата со морбили, ќе го направиме и сега“, вели Филипче.

Тој информираше дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „МојТермин“ со возраст над 70 години и хронични болести.

„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата ‘Vakcinacija.mk‘ или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи“, изјави Филипче.

 

 

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе