Асоцијација на младите лекари

В среда и Филипче ќе присуствува на протестот на „Белите мантили”

Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите – ова е мотото под кое здравствените работници в среда ќе протестираат на хелиодромот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје. Протестот го организира Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, а присуство потврдиле и министерот за здравство Венко Филипче и од Здружението на медицински сестри и акушерки.

Министерот Филипче за денеска најави нова кординација со министерествата за правда и внатрешни работи, како и почнување кампања против насилството врз лекарите и медиционскиот персонал.

„Преземавме низа мерки. Имавме средба во Министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница“, изјаави Филипче.

Од Асоцијацијата сметаат дека обезбедување нема да го реши проблемот, а на ист став е и Здружението на лекари Албанци, кои не биле поканети на средбата со ресорниот министер.

„Цело време сме под напади, како вербални така и физички. Сакаме да побараме итни решенија, овој протест е еден вид револт. Не е идејата да бојкотираме, туку е изразување на незадоволството. Се надевам дека ќе се сфати дека единствената намера на протестот е да се зголеми свеста за опасностите со кои се соочува здравствениот персонал и потребни се мерки за заштита “, велат докторите.

Свое присуство најавија и од Здружението на медицински сестри и акушерки, а поддршка пристигна и од Здружението на лекари Албанци.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе