Утре пристигнуваат 500.000 вакцини „Синовак“

Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак".

Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер" што се набавени преку Ковакс системот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе