„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина. Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата“, информираат од Министерството за здравство.
Од таму апелираат на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност и додаваат дека скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.