Епидемиолошка состојба

Уште шест лица починаа од ковид-19, новозаразени со вирусот 242 лица

Во последните 24 часа направени биле 3.561 тестирања на вирусот ковид-19. од кои 242 лица се потврдени како позитивни на вирусот. Како последица од компликации од болеста починаа шест лица. Во моментов само во Пехчево нема заразани лица од коронавирусот. Најголем број на активни случаи има во Скопје - 2.548, а потоа следуваат Битола и Прилеп со по над 300 активни случаи.

Министерството за здравство информира дека од регистрираните 242 нови случаи на ковид-19, најголемиот број се лица од Скопје – 173, а потоа следуваат: Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе , Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 87г), и едно починато лице од Кавадрци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.561 тестови преку: ИЈЗ-45, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-0, Биотек-150, Систина-102, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб лаб-476, ВФВ Медикал-71, Ели Медика-51, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.424.

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 99.552, Активни 2.548
Куманово 13.169, Активни 100
Тетово 11.439, Активни 52
Прилеп 10.888, Активни 321
Битола 9.390, Активни 349
Гостивар 8.094, Активни 20
Велес 7.538, Активни 104
Кавадарци 7.496, Активни 190
Охрид 6.886, Активни 247
Штип 6.784, Активни 83
Струмица 6.348, Активни 146
Кичево 4.344, Активни 64
Кочани 4.122, Активни 40
Струга 3.954, Активни 35
Гевгелија 2.979, Активни 103
Неготино 2.653, Активни 39
Свети Николе 2.157, Активни 16
Крива Паланка 1.968, Активни 30
Ресен 1.900, Активни 86
Радовиш 1.824, Активни 37
Берово 1.483, Активни 10
Делчево 1.474, Активни 30
Дебар 1.459, Активни 1
Виница 1.180, Активни 3
Пробиштип 1.144, Активни 6
Валандово 1.054, Активни 53
Кратово 791, Активни 4
Богданци 693, Активни 26
Демир Хисар 650, Активни 16
Крушево 609, Активни 11
Македонски Брод 546, Активни 29
Демир Капија 438, Активни 9
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 177, Активни 3

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе