Уште една жртва на морбили, почина бебе од тетовско

14-месечно бебе од тетовскиот регион починало од од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести.

Министерството за здравство ја известува јавноста дека вчера во вечерните часови почина 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести, кое претходно не било вакцинирано

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили и уште еднаш апелира децата да бидат вакцинирани.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување", велат од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Претходно почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе