ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Уште една нелегална гинеколошка ординација во Струга, колешка на Асани

Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера извршија вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомневање дека е нелегална гинеколошка ординација.  Неофицијално станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома.

Надзорот бил извршен по пријава на пацинтка. Од полицијата во Охрид потврдија дека   полицијата асистирала на барање на инспекторите ид ДСЗИ, со налог на обвинителство.

Пред еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација. И тука надзорот бил извршен откако пациентка јавно се пожали за лекарска грешка, затоа што по породување со царски рез во струшката болница останала  без бубрег, матка и јајник.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе