Влада

Уште еден јавен повик за хуманитарни летови од Берлин, Бон, и Минхен

 Владата распишпа уште еден јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата од Берлин, Бон и Минхен.

Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите: Берлин – Скопје (377 патници), Бон – Скопје (355 патници) и Минхен – Скопје (183 патници).

Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27март (петок) до 12 часот.

Тендерот го распишува Генералниот секретаријат на Владата, а крајниот рок е за доставување на понудите е 26 март 8 часот.

Лицата кои ќе се пријават за летовите за Скопје при влез во авионите ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе