Уште еден доктор жртва на коронавирусот, почина 41-годишниот д-р Дервиши од Боговиње

Уште еден македонски доктор ја загуби битката со коронавирусот, 41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од село Боговиње, објави весникот „Лајм“, пренесувајќи ја пораката за сочуство до семејството.

Освен неговите блиски колеги и пријатели кои почнаа да објавуваат емотивни посвети на „Фејсбук“, се огласи и градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили.  „Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ја слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата почива во мир“, напиша Џемаили.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе