Уште две лица починаа од ковид-19, нови 75 случаи на заразата

Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа нема починати лица од ковид-19, но во регистерот на умрени лица се запишани две лица кои починале во перидот по 21 септември. Од направени 745 тестови, регистрирани се 75 нови случаи на коронавирусот во следните градови: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1. Од новозаразените 23 лица по втор пат се позитивни на вирусот.

Направени се 745 тестови: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-21, Биотек-11, Систина-7, лабораторија Лаор-4, Синлаб-4, Ремедика-14, Плодност-2, Генеа-1, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 334.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево - по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на ковид-19,а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе