Министерство за здравство

Уште двајца починати од коронавирусот, а нови 44 заболени, вкупно се 329 лица

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника од ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, а во изминатите 24 часа се потврдени 44 нови случаи на коронавирус од 392 тестирања.

Според информациите од Министерството за здравство, починатиот од Куманово имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (хронично опструктивен бронхитис) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Инаку, по градови новозаболените се од Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово - 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп - 1.

Со ова, вкупната бројка на пациентите дијагностицирани со ковид-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје- 17, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип- 14, Тетово – 10, Прилеп – 10, Струга - 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1 и Гевгелија – 1.

Од 392 направени теста во изминатото деноноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе