Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба, информира Филипче

Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче кажа дека за жал се случиле такви медицински компликации да не можело да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип.

„Тие беа со претходни заболувања. Од нив две беа деца. Ние сме во секојдневна комуникација со сите членови на Комисијата за заразни болести, со директорката на Клиниката за инфективни болести и се преземаат сите мерки“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.

Инаку, оваа сезона 11 лица починаа од компликации од грип.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе